×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 89 возачи исклучени од сообраќај, возеле пијани и без возачка дозвола

    18.11.2019 21:37 | KumanovoNews

    Во текот на изминатата недела (11.11-18.11.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, преземени се мерки и активности, при што се констатирани повеќе неправилности и прекршување на сообраќајните правила.   

    89 возачи исклучени од сообраќај, возеле пијани и без возачка дозвола

    Од сообраќај се исклучени 89 возачи, бидејќи 51 возач возел под дејство на алохол и 38 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

    При извршените проверки откриено е дека 21 возач управувал возила со брзина поголема од дозволената.

    Од сообраќај се исклучени  и 23 возила, бидејќи биле нерегистрирани и четири технички неисправни.

    Санкционирани се 13 возачи поради некористење сигурносен појас, осум возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, три возачи поради непрописно престројување, седум возачи поради неправилно престигнување и еден поради недавање првенство на минување.

    Во текот на изминатата недела издадени се 304 мандантни платни налози, 122 прекршочни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.