Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.А.(22) од Куманово за кривични дела „насилство“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Пред два дена на ул. „11-ти Октомври“, откако В.А. забележал две лица како од возило ја симнуваат Н.И., физички ги нападнал и со рака го скршил ветробранското стакло на возилото. При тоа се здобил со повреди и заминал во Ургентен центар за да му укажат лекарска помош. По него дошле полициски службеници, кои кога се обиделе да го идентификуваат, тој им се спротивставил и физички нападнал еден од полицајците. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.