Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЈП „Чистота и зеленило“ од утре до крајот на месецот ќе организира акции за собирање на кабаст отпад на три локации во Куманово.
Контејнерите на претпријатието ќе бидат поставени на места каде до сега не била спроведена ваква акција.
Поради поголем опфат на населението за прв пат се поставуваат собирни места за жителите на населбите Карпош, Перо Чичо и на крстосницата на улиците „Тоде Мендол“ и „Есперанто“(Романовски пат).
„Ги повикуваме граѓаните на масовност, препорачуваме да ја искористат ова акција. За пружање на подобра услуга ќе трае пет дена, од вторник 25 март до крај на месецот. Секој граѓанин кој ќе ја искористи акацијата ќе заштеди 3.000 денари, толку некаде би чинело ангажирање на тракторска приколка, што е голема предност и единствена можност за домаќинствата“, истакна директорот Ненад Стојановски.
Вообичаено акциите за собирање на кабаст отпад се организираат за време на викенди, со времетраење од ден, два. Сега се проширува на неколкудневен термин, па надлежните очекуваат добар одѕив на жителите.
Според годишниот план и според насоки на Министерството за животна средина и просторно планирање се планираат и дополнителни акции во текот на месец април. Со тоа акцијата за собирање на кабаст отпад ќе бидат организирани во период од 3 месеци.