×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Активисти на ЏЕФ во акција за демократија

    21.03.2014 15:06 | KumanovoNews

    Членови на Млади европски федералисти ЏЕФ Македонија, денеска на Градскиот плоштад организираа акција во која граѓаните можеа да остават пораки за тоа што за нив претставува демокартијата.

    Активисти на ЏЕФ во акција за демократија

    Дел од граѓаните напишале дека демократија е да се слуша нивниот глас, да ги има во избирачкиот список, дека очекуваат младите повеќе да одлучуваат во општеството, да имаат претседател кој достојно ќе ја претставува земјата и слично.

    Оваа година темата на акцијата е “Демократијата под притисок“ и ние решивме концептот на самата акција да се одвива во два дела. Првиот дел е тоа што имаме поставено симболични натписи на кои што граѓаните ќе можат да го искажат своето мислење за прашањата за демократија. Прашањата се за демократијата и нејзините дисторзии кои што секојдневно се случуваат. Целта на оваа акција е да се подигне свеста кај граѓаните и да им се претстави демократијата како нешто што им припаѓа нив - вели Христина Ангеловска, претседател на Млади европски федералисти ЏЕФ Македонија.

    Од ЏЕФ Македонија објаснуваат дека суштината на акцијата е демократијата да им се доближи на граѓаните.