Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Александар Маневски (29) од Куманово го фати светиот крст во базенот на црквата “Света Троица“.
Тој неколку години по ред се фрла на Водици и четири пати успеал да го фати крстот.
Два пати во Свети Николе и два пати овдека успеав да го фатам крстот. Очекувам здравје, среќа, љубов да ме следи годинава, а се друго само ќе си дојде. За мене ова е голема чест - изјави Маневски.
По крстот во црквата „Света Троица„ се фрлаа десетина капачи од кои повеќето беа млади луѓе. За најсреќниот има и вредни награди. Верниците скокаат по крстот, бидејќи се верува дека дека ќе им донесе бериќет, среќа, успех. Во овој храм утрово се собраа голем број верници за да запалат свеќа за здравје и да земат крстена вода.