×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алексовска:Средстава за избирачките одбори се планирани во буџетот за 2016

    11.02.2016 15:37 | KumanovoNews

    Од општина Куманово на обвинувањата на ГРОМ, одговараат дека во буџетот за 2016 година се планирани средства за избирачките одбори.

    Алексовска:Средстава за избирачките одбори се планирани во буџетот за 2016

    Секретарот на општината, Валентина Алексовска вели дека штом ќе биде во можност општината ќе ги исплати средствата за кои обвинуваат од ГРОМ.

    Општина Куманово има обврска кон изборната комисија, со што е должна да ги подмири сите трошоци во врска со изборниот процес во кој спаѓа исто така и исплата на членовите на избирачките одбори. Општината има префрлено финансиски средства на изборната комисија, но дел,  а остатокот од средствата се планирани во буџетот за 2016 година. Така да штом ќе имаме прилив и штом ќе имаме можност, општината да ги подмири обврските, сигурно тие ќе бидат подмирени согласно приоритетите што има општината да ги плати - изјави Алексовска.

    Што се однесува за превозот на ученици, Алексовска рече дека се транспарентни и работат согласно законите.

    Таа вели дека цената на превозот по ученик се пресметува зависно од релацијата од каде до каде се вози ученикот. Иако договорот е потпишан на 84 милиони денари, месечно се фактурира според бројот на ученици кои се возат на таа релација.