Мени

Ален Милковски од Куманово e добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година

26.06.2026 08:12 | KumanovoNews

Ален Милковски од Куманово ја доби стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година, востановена во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, која загина во сообраќајна несреќа во Скопје, а со цел да се зачува нејзината посветеност кон уметноста и креативното изразување, како и да се поттикнат и поддржат нови генерации млади автори со талент и визија.

Ален Милковски од Куманово e добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Од Фондацијата информираат дека Комисијата во творештвото на Ален Милковски препознала исклучителна искреност, емоционална зрелост и длабока чувствителност.

„Неговото уметничко изразување, кое опфаќа цртање, пишување и други форми на креативна работа, отвора теми поврзани со ранливоста, болката, надежта и внатрешната сила на човекот“.

По повод добивањето на наградата, Милковски кажа дека ова признание за него има силна лична и творечка тежина.

„Оваа награда за мене претставува животна прилика и благослов. Таа е можност постојано да се надградувам и да продолжам да создавам во име на Фросина. За мене, ова значи дека единствено можам да творам со љубов. Овој успех го гледам и како мое ‘благодарам’ кон најблиските“, вели тој.

Од Фондацијата му посакаа на добитникот да продолжи со истата посветеност, нагласувајќи дека неговиот глас има потенцијал да отвора важни општествени теми и да инспирира нови генерации.

Никола Митовски