Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Зоран Стојановски од Крива Паланка е најверен купувач на Техноцентар Алфи за месец февруари.
По тој повод од компанијата денеска му доделија награда телевизор. Стојановски во Алфи потрошил 92.000 денари.
Прво почнав со плочки за бањата, потоа се префрлив на машина за перење, машина за миење на садови, шпорет, пвц врати, прозорци и други производи. Месечно најмалку еднаш пазарувам тука. Салонот ми е попат, кога одам за Скопје редовно свраќам. Според сумата за месец февруари сум избран за најдобар потрошувач. Купив производи во вредност од 92.000 денари. Ќе продолжам и понатаму да купувам во Техноцентар Алфи како и изминатите три години бидејќи цените се поволни - вели Стојановски.
На граѓаните им порачува да го изберат Техноцентар Алфи, бидејќи нуди широк асортиман на производи, прифатливи цени и можност да бидат наградени доколку се редовни потрошувачи. Стојановски тврди дека паланчани се чести клиенти во компанијата Алфи и со задоволство доаѓаат тука, поради квалитетот на производите и услугата на вработените.