×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алкохолизмот зема замав

    25.02.2013 09:21 | KumanovoNews

     Алкохолизмот во градот и државата е во пораст. Постојано се зголемува бројот на луѓе кои во неможност да се справат со секојдневните економски и социјални проблеми утеха бараат во алкохолот.

    Алкохолизмот зема замав

    Алкохоличари има од сите возрасни групи и од сите социјални слоеви. Алкохолот создава физичка, психичка зависност, доведува до многу сериозни здравствени проблеми како чир на желудник, оштетувања на црниот дроб, анемија, склероза.

     Постои примарен алкохолизам кога човекот зема алкохол без некоја просебна причина. Секундарен алкохолизам е кога пиењето алкохол е заради некоја причина. Имаме и таканаречени “дипсомани“ кои со денови не пијат воопшто, а потоа пијат многу. Алкохоличар не се станува за еден ден, за еден месец, туку потребни се години. Тоа предизвикува промени во однесувањето, го попречува социјалното функционирање на личноста, го нарушува психичкото и физичкото здравје. Алкохоличарите се лажат дека можат да престанат со пиење алкохол кога сакаат - изјави Адриана Богдановска, специјализант по психијатрија во Општа болница Куманово.

    Таа вели дека стресот, проблемите во семејството, околината можат да предизвикаат зголемено конзумирање на алкохол. Наведе дека одредени професии како келнери, бармени, шанкери, менаџери често им се служи алкохол и почнуваат прекумерно да пијат.

    Се покажало дека синовите на алкохоличарите треба да испијат повеќе алкохол од другите за да почувствуваат ефект. На почетокот алкохоличарот е опуштен, слободен за комуникација, моќен, а потоа губи чувство за рамнотежа, станува дремлив или пак агресивен.

    Колку брзо алкохоличарот ќе се излекува зависи од него самиот, од поддршката од блиските, од опкружувањето.

    На трибината организирана од ВМРО - ДПМНЕ насловена како “Болестите на зависност“ се обрати  и Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово кој рече дека многу млади луѓе во периодот на транзицијата се оддале на дрога, алкохол, а некогаш имало и фатални последици.

    Дваесет години не не одминаа овие пороци, земаат замав. Отидоа многу млади луѓе од овој порок. Од тука е идејата да се запознаеме со алкохолот и дрогата - кажа Панковски.

    Тој смета дека треба уште повеќе институционално да се работи за сузбивање на овие пороци се до нивно искоренување или сведување на минимум.

    Предавачот Богдановска рече дека земањето алкохол и дрога некогаш се тесно поврзани. Со 3,5 промили алкохол во крвта настанува отежнато дишење, со 4 промили алкохоличарот е во кома, а со пет промили може да дојде до смрт.

    Половина од случаите на криминалитет се поврзани со зголемено внесување на алкохол, а во светот 10 отсто од возрасните луѓе се алкохоличари. Статистиката покажува дека на секои тројца мажи алкохоличари има по една жена, а во последно време бројката на жени алкохоличари расте.