×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алтернативни извори на финансирање на малите и средни претпријатија

    25.11.2015 11:46 | KumanovoNews

    Информативна средба за алтернативни извори на финансирање на малите и средни претпријатија се одржа денеска во Куманово, во организација на Центарот за развој на североисточниот плански регион.

    Алтернативни извори на финансирање на малите и средни претпријатија

    Покрај бизнисмени, учествуваа и претставници на општините од нашиот регион. Ова е прва поголема активност од проектот проширување на функциите на Центрите за регионален развој.

    Ова е наслов на целокупниот проект кој започна два месеци порано, со отврање на првиот бизнис центар во североисточниот плански регион. Ние имаме постојано активности за унапредување на целокупниот развој на североисточниот плански регион, со многубројни проекти од областа на подобрување на инфраструктурата, услугите, од областа на образованието, културата, туризмот. Меѓутоа ниту една од тие сфери не може да биде комплетна без развој на приватниот сектор - изјави Атина Мургашанска, заменик раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.

    Мургашанска вели дека целта е да им се помогогне на компаниите, а со тоа да се постигне и поголема вработливост.

    Презентација имаше Македонската банка за поддршка и развој.

    Ќе ги запознаеме компаниите со производите, како можат да пристапат до тие производи. Едноставно да ги користат предностите. Имаме кредитна инвестициона линија од Европска банка, која во неколку наврати сме кажувале кои се предностите, каматната стапка, намената на тие кредити - рече Александар Маневски, шеф на служба за план и анализа.

    Пред присутните се говореше и за кредитното осигурување, активностите на банката, како можат да помогнат на компаниите и слично.