Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Амбасадорката на Кралството Холандија во Р.Македонија, Симоне Филипини ја посети општината Куманово и оствари средба со градоначалникот Зоран Дамјановски.Повод за посетата е ревијата на современиот холандски филм, која започнува синоќа во Младинскиот Културен Центар "Козјак".
"Како локална самоуправа имаме одлична соработка со Кралството Холаднија.Соработката продолжува и на поле на културата, токму преку промоцијата на холандскиот филм, а ќе се интензивира и во други области"- вели градоначалникот Дамјановски.
Амабасадорката призна дека ова и прва официјална посета на Општината,а во Куманово доаѓала на минатите избори, и приватно го разгледала градот.
"Се надевам дека жителите на општина Куманово ќе сакаат да видат одлични филмови од Холаднија каде што оваа дејност се развиваше постепено со помош на државата.И овде во Македонија ,власта силно ја подржува кинематографијата и сметам дека вашиот фестивал "Браќа Манаки" нуди одличен квалитет"-рече амбасадорката Филипини.
Ревијата на современиот холандски филм ќе трае до 20 мај. Секој ден ќе се прикажува по еден краток и по еден долгометражен филм.