×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Амбасадорот на Франција во Куманово

    13.05.2011 12:35 | KumanovoNews

     Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Жан Клод Шлумберже, денеска престојуваше во прва официјална посета на Општината Куманово, при што се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Амбасадорот на Франција во Куманово

    При тоа амбасадорот се запознал со спецификите на градот и регионот, и бил информиран и за соработката на Општината со некои градови во Франција.

    Се заблагодаривме за соработката во образованите, а посебно на донацијата во противпожарната заштита.  Со амбасадорот зборувавме и за процесот на децентрализација и проблемите со кои се соочуваме. Она што треба ја унапредува демократизацијата во нашето оштество е и присуството и насоките од меѓународниот фактор со се цел Македонија што побрзо да стане дел од европското семејство. Франција ни ја дава таа подршка и ние сме многу благодарни- рече градоначалникот Дамјановски.

    Амбасадарот рече дека ове е негова редовна посета по држават, и вети дека соработката во образованието и помеѓу младите на Република Франција и општината ќе продолжи и во наредниот период.

    Младите ќе бидат тие кои ќе придонесат за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Најчесто помеѓу личните контакти придонесуваат за унапредување на соработката, а ќе работиме и на продлабочување на економската соработка-рече амбасадорот.

    Амбасадорот Шлумберже, ја посети гимназијата „Гоце Делчев„, како и неколку културно-историски споменици во градот.