Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов при денешната посетата на СВР Куманово, го обвини министерот Оливер Спасовски дека го крши Законот за избори и прераспоредува вработени на други работни места, иако тое е забрането по распишување на изборите.
„Министерот Спасовски кој е назначен во Влада за спроведување на избори го крши законот отворено и врши преместување на вработени во СВР Куманово со наредба која е против законита. Согласно Законот за избори и укажувањето на Државната комисија за антикорупција, се забрануваат какви било преместувања, и со решенија и со времени решенија или со наредби, во периодот откако се распишуваат изборите до формирање на новата влада. Со оглед на тоа што началникот не сакаше да се придржува кон укажувањата што му ги дадов уште минатата недела, денес дел од посетта беше во таа насока лично да укажам на пропустите.Го повикувам Спасовски да престане и со создавањето раздор во полицијата, со деструкцијата, да престане да ја попречува работата на МВР и да ги остави луѓето на терен да работат така како што треба, согласно законите“,- изјави Андонов.
Според Андонов, покрај во Куманово прераспоредување на полицајците имало и во другите градови.