×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Англунипе“ подели пакетчиња на педесетина деца

    27.12.2014 12:39 | KumanovoNews

    Хуманитарното ромско здружение “Англунипе“ денеска подели пакетчиња на педесет ромски деца, кои се со попреченост или потекнуваат од социјално - загрозени семејства.

    „Англунипе“ подели пакетчиња на педесетина деца

    Со овој хуман гест од „Англунипе“ сакаат да им ги разубават Новогодишните празници на сиромашните ромски деца.

    Овие деца се најзагрозени. Гордост и чест ми е што пред Нова година успевам да им го разубавам празникот и да имаат убава насмевка, радост, да си играат со Дедо Мраз и да добијат прикладен подарок. Немам зборови да го опишам овој ден. Би сакал со овој пример да ги поттикнам сите релевантни фактори во локалната самоуправа да помогнат,  бидејќи ја знаеме состојбата на Ромите од осамостојувањето на Македонија каква е - изјави Мерџан Демирали, претседател на „Англунипе“.

    Ова здружение осма година по ред доделува новогодишни пакетчиња на ромските деца  и се надеваат дека следната година ќе обезбедат двојно повеќе пакетчиња.