×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Антон Витковски прв човек на СВР Куманово?

    16.01.2020 08:16 | KumanovoNews

     Антон Витковски, поранешен командир на Полициска станица од општа надлежност во Куманово, најверојатно ќе биде новиот началник на СВР Куманово. Тој ќе биде назначен на предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев.

    Антон Витковски прв човек на СВР Куманово?

    Витковски ќе дојде на местото на Стојанче Величковиќ, кој ќе му биде заменик и ќе има врзан потпис со новиот раководител.

    Неофицијално од СВР Куманово велат дека сосема е извесно дека Витковски ќе биде новиот началник,  но се` уште нема стигнато никаков допис за негово назначување.

    Министерот Чулев минатата недела смени 13 началници и раководители во МВР, останаа уште  првите луѓе на СВР Куманово и на СВР Тетово.