Асфалтирани три улици кај Стара црква
Денеска беа пуштена во употреба три ново асфалтирани улици во близина на црквата “Свети Никола“. Жителите од улиците “Питу Гули“, “29 Ноември“ и “Пере Тошев“ повеќе нема да газат калдрма.
Градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски ја пресекоа црвената лента.
- Проектот е комплетно финасиран од локалната самоуправа. Сите три улици се во должина од 550 метри, а цената на чинење е 6.300.000 денари. Изведувачи се две фирми, едната е “Хуљуси комерц“, а другата е градежно претпријатие “Козјак“. Изработена е проектна документација, направена е тендерска постапка, со развојна програма утврдена и завршена. Во склоп на 39 инфраструктурни проекти, иако нашите политички опоненти кажуваат дека не е направено, еве добар доказ дека локалната самоуправа секоја недела отвара по два, три проекти. Ние ќе работиме само во интерес на граѓаните на Куманово - изјави Дамјановски.
Денеска почнува изградба на улицата “160“ во населба Карпош која поврзува 200 куќи. Тој проект чини 3.800.000 денари. Дамјановски рече дека инфраструктурата е нивен приоритет, а деновиве е почната да се гради и улица во Табановце во должина од 1800 метри.