×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Атлетичери од “Крсте“ на Олимпијада за училишен спорт

    18.06.2013 13:32 | KumanovoNews

    Ученици од ОУ “Крсте Мисирков“, шампиони во атлетика во земјава, ќе се натпреваруваат на Светската олимпијада за училишен спорт, која ќе се оддржи во Карлови Вари, Чешка.

    Атлетичери од “Крсте“ на Олимпијада за училишен спорт

    По тој повод атлетичарите ги прими градоначалникот Зоран Дамјановски, кој им посака успех и добри резултати со кои достојно ќе го претстават Куманово во светот. При тоа вети финсиска подршка за патувањето и престојот на учениците во Чешка.

     Овие млади луѓе кои направија таков резултат се гордост на Македонија. Ова е пример како локалната самоуправа со инвестиции во спортската инфраструктура успеа да го развие спортот кој во Куманово беше мртов, а како таков не е многу познат и во Македонија. Имаме плејада на медали освоени на сите натпреварувања. Имаме препознатливи резултати во трка на 100 метри, 800 метри, скокачки дисциплини. И во женската атлетика имаме резултати што даваат импут во наредниот циклус овој спорт да биде ставен во приоритет на локалната самоуправа. Од мое име и од името на граѓаните им посакувам на овие млади луѓе да го претстават достоинствено градот и Македонија - вели Дамјановски.

    Директорот на училиштето Александар Саздевски нагласи дека учениците работат четири години и како резултат на таа работа имаат добиено награди на сите натпревари каде учествувале.

    Тие резултати се пред се успех на наставниот кадар на професорот Југослав Спасиќ и благодарение на атлетскиот полигон кој се отвори пред две години. Интензивно се работеше таму и еве ги првите резултати. Ние сме прво училиште кое излегува надвор од Македонија, ќе го претставуваме градот, општината, државата - изјави Саздевски.

    Професорот по физичко воспитување Југослав Спасиќ објасни дека на општински и на државен натпревар во сите можни дисциплини освоиле први места.

    Бевме прогласени за најдобра екипа на ниво на училишта и го освоивме правото за учество на Светско првенство. Секако дека имаме помош од Федерација на училишен спорт и тие можат да не пријават за учество. Сите ни помагаат почнувајќи од родители, стопанственици, локална самоуправа да постигнеме добар резултат - вели Спасиќ.

    Учениците од ОУ“ Крсте Мисирков“ за три дена заминуваат во Карлови Вари, Чешка, а олимпијадата ќе со одржи на 21 и 22 јуни.