Авионско прскање против комарци во Куманово
11.08.2014 08:47
| KumanovoNews
Авионско прскање против комарци ќе се изврши во среда во раните утрински часови на територија на општина Куманово.

Пчеларите да си превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради лошите временски услови, истото се одложува за наредниот ден - стои во соопштението од општина Куманово.
Ова е трето авионско прскање против комарци во општина Куманово.