Мени

Автомобил со бункер за криумчарење откриен на Табановце

12.01.2016 10:37 | KumanovoNews

 Автомобил со шведски регистарски таблички со специјално подготвен бункер наменет за криумчарење, за време не празниците  е откриен на Табановце.

Автомобил со бункер за криумчарење откриен на Табановце

Возилото, управувано од албански државјанин, се пријавило за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. При извршената контрола, во просторот под багажникот помеѓу левото задно тркало и браникот, бил откриен специјално конструиран бункер со електронска брава. Согласно законските прописи возилото е привремено задржано, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.