×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Автомобил удри во семафор на „Октомвриска“

    22.11.2019 13:49 | KumanovoNews

    Автомобил марка „Форд мондео“, со кумановски регистарски таблички, синоќа удри во семафор на  крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Пионерска“, во Куманово.

    Автомобил удри во семафор на „Октомвриска“

    Според очевидци, незгодата се сличила околу 20 часот, додека автомобилот се движел од центарот кон периферијата на градот. Во еден момент возачот изгубил контрола, возилото слетало од коловозот и удрило во семафорот.   

    Причинета е матерјална штета на колата и сообраќајниот знак, додека возачот поминал без повреди.

    Неофицијално, откако му е извршен алкотест, било утврдено дека има 2.03 промили алкохол во крвта.

    Увид на лице место изврши полицијата и против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Екипа на фирмата задолжена за одржување на сообраќајната сигнализација во градот „Електрософт“,  утринава го поправаше семафорот кој повторно беше ставен во функција.