Автомобил удрил пешак на „Ѓорче Петров“
13.02.2016 13:02
| KumanovoNews
Автомобил вчера удрил пешак на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово.
Опел корса со кумановски таблички управувана од Б.Т.(36), вчера околу 18 часот удрила во пешакот В.С.(80) од Куманово. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен и задржат на лекување во Општа болница Куманово.
Се работи на расчистување на случајот.