×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бадник е празник на пост и молитва

    06.01.2016 11:24 | KumanovoNews

    Православните христијански верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.

    Бадник е празник на пост и молитва

    Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера. Домаќините се трудат да принесат од сè по нешто, за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе се падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата, домаќинот ја благословува трпезата, го крши лепчето на  делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата.

    „Вечерата која ја подготвуваме го означува мирот во кој живееме, затоа што ангелите кога се појавија над пастирите рекоа „Слава на Бога во висините, на земјата мир и добра волја меѓу луѓето“. „Каде и да си за Бадник дома да си“, тоа означува дека луѓето собирајќи се едни покрај други треба да си простат ако нешто си згрешиле, да се измират бидејќи и Бог во денот на раѓањето Христово го измири човекот со себе и стана едно со човекот. Затоа и ние треба да станеме единствени во нашите семејства, со нашите роднини, да се означи единството во црквата и единството со Бога“- изјави отец Игор Здравковски, лице за односи со јавноста во Кумановско-осоговска епархија.

    Верниците денеска присуствуваа на литургија во црквите, да се помолат за здравје и среќа за себе и своите најблиски.

    „Ова е една голема традиција од стари времиња до ден денес. Јас постам за празникот, не цели пости, но сепак постам. Доаѓам на литургија. Навечер вечераме на земја, месам зелник во паричка, како што е ред. Убаво е, празнично, ова е голем празник“- рече Елеонора Антевска, верник.

    Вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

    Утре е Божиќ и во сите верски храмови во 8 часот ќе има литургии.