Бадник неработен за православните, Божиќ за сите граѓани
05.01.2016 12:47
| KumanovoNews
Утре е Бадник, неработен ден за православните верници, а задутре е првиот ден од Божиќ, неработен ден за сите граѓани.

Ова е согласно со Законот за празниците на Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Од МТСП на сите православни верници им ги честитаат Бадник и Божиќ.