Бајловски средби по четврти пат
30.09.2012 06:07
| KumanovoNews
Во селото Бајловце денеска ќе се одржи манифестацијата Бајловски средби.

Предвидена е богата културно-уметничка програма на која ќе настапи КУД „Срма„, вокални интерпретатори и ученици од селото.
Ќе се организира и избор на највкусна баница печена под вршник.
На присутните ќе им се обрати градоначалникот Миодраг Јовановиќ, а дружењето ќе заврши со заеднички ручек и општонародна веселба.
Покровител на манифестацијата е градоначалникот и Општината Старо Нагоричене, а ја организира здружението „Козјачија во срцето„ и м.з. Бајловце.