Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Баклава, јагнешко месо, сарма, пита се дел од јадењата кои денеска ќе се најдат на богатата празничната трпеза за Курбан Бајрам.
Муслиманите велат дека за овој празник традиција е помладите да одат кај постарите за да си честитаат. Празникот ги зближува луѓето, се коле јагне и месото се дели на сиромашните.
Курбан Бајрам има голема тежина кај муслиманите, се коле курбан. Се оди од куќа на куќа, да нема разделби. Бајрам е да ги помирува луѓето и ги зближува. Како што било порано, гледам дека луѓето слават пет-шест дена. На трпеза секогаш има баклава, тоа е симболично за муслиманите. Месото од курбанот се дели на сиромашните луѓе и малку останува само за домаќинот - рече Фета Ајдини, граѓани.
И другите муслимански верници велат дека празнувањето почнува рано утрото со молитва во џамија.
Оттука луѓето одат на гробишта, ги посетуваат гробиштата и потоа си доаѓаат дома. Се честита меѓусебно и јадат. По јадењето се оди на гости и се примаат гости. Месото од курбанот се дели само за сиромашните. Зборот курбан значи да се даде нешто за луѓето кои немаат да јадат - кажа Мустафа Куртиши, граѓанин.
Курбан Бајрам е најзначајниот исламски празник кој доаѓа два месеци и 10 дена после Рамазанскиот бајрам. Поради пресметките на времето по лунарниот календар, Курбан Бајрам не се слави секоја година во исто време.