Барања за возачки дозволи ќе се примаат и утре
28.09.2012 11:23
| KumanovoNews
Поради зголемиот број барања на граѓаните за замена на старите возачки со нови биометриски дозволи, Управната служба на СВР Куманово ќе работи и утре (сабота) од 8.30 до 16.30 часот.

На овој начин сакаме да им излезе во пресрет на граѓаните кои сеуште не извршиле замена на возачките дозволи, што претставува законска обврска. Барања се поднесуваат на три шалтери а се работи и во попладневните часови, информираат од службата.
За разлика од Скопје каде закажувањето на терминот може да се изврши по телефон во Управната служба на СВР Куманово таа обврска се извршува лично.
Крајниот рок за замена на возачките дозволи е 1 октомври.