Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Љубопитните граѓани на мајтап се прашуваа дали надлежните намерно ја ставиле пената за да ја разубават фонтаната или истуриле гел за туширање да го искапат Батко.
Фонтаната на Градскиот плоштад, на споменикот на Батко Ѓорѓија неколку дена е во пена. Бела сапуница го наполни и се прелеваше од базенот на фонтаната што предизвика внимание кај минувачитите, особено кај децата кои не знаеа за што се работи. Љубопитните граѓани на мајтап се прашуваа дали надлежните намерно ја ставиле пената за да ја разубават фонтаната или истуриле гел за туширање да го искапат Батко.
Според информаци од ЈП „Водовод„, во водата на фонтаната, непознати сторители истуриле шампон од што се направила сапуница. Поради тоа нивни екипи вчера морале да ја испуштат водата и да го исчистат базенот.