Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Семејството Михајловски, кое пред една недела остана на улица, откако во голем пожар им изгореа двете собички во населбата „Перо Чичо„, сеуште чекаат помош од хуманите луѓе за да го поправат нивното живеалиште.
Иако многу луѓе се јавиле и понудиле помош, конкретни резултати нема. Бранителите, бизнисмени, моторџии најавуваат дека ќе се вклучат во акција за помош. Првата пратка со градежен материјал вчера ја однесоа членовите на здружението на бранители, кои ќе донираат и финасиски сретства за семејството.
Многу луѓе ветиле дека ќе му помогнат на семејството, ама од тоа нема уште ништо. Досега се јавија повеќе фирми и поединци со кои јас контактирав и тие сигурно ќе помогнат. Сите ограноци на “Бедем“ низ Македонија ветија дека ќе се ангажираат. Собираме помош не само на локално, туку и на државно ниво. Човекот чукнал на многу врати, а во ова време без ќука тешко е. Ние сме секогаш тука да помогнеме, не е првпат, нема да биде ни последен пат - рече Предраг Петрушевски Бинго, претседател на бранителите во Куманово.
По големиот пожар, локалната самоуправа го смести семјството во Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“. Градоначалникот вети и еднократна помош за настраданото семејство. Виктор Михајловски вели дека и многу негови пријатели и непознати луѓе го контактирале на телефон, но сеуште никој конкретно не му помогнал.
Досега се остана само на разговор. Ми се јавија луѓе и ми понудија некаква помош. Доволно ќе биде двете мали соби да изградам и да се вратам дома. - вели Михајловски.
Виктор е невработен. Тој и неговата мајка живеат само од социјална помош од 1500 денари. Се што создавале во текот на животот, ќуката и покуќнината им го однесе огнената стихија. Михајловски апелираат до хуманите луѓе да им помогнат бидејќи секоја помош во овој момент е добредојдена. Телефонски број за контакт со семјството е 077 692 022