×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Базенот и салата во Перо Чичо интензивно се градат

    30.05.2012 13:48 | KumanovoNews

     Затворениот базен и спортската сала во населбата Перо Чичо се два големи капитални објекти на Општината, на кои интензивно се работи за  што побрзо да се предадат во употреба. Двата објекта заедно чинат над 3 милиони евра.

    Базенот и салата во Перо Чичо интензивно се градат

    Базенот почна да се гради пред седум месеци, но имавме проблеми со подземни води. Беше потребно да се стабилизира тлото и да се направи геомеханика. Сега сме во фаза на решавање на сите тие елементи. Имаме договорено со консултанти дека најдоцна до 15 ноември базенот ќе биде готов, покриен и фасадиран. Се надеваме дека наредната годнина ќе биде пуштен во употреба - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Овој објект чини 2.4 милиони евра, а се финансира исклучиво од буџетот на Општина. Дамјановски потсети дека од Владата и од Министерството за финансии немаат одговор за задолжувањето со кредит.

    И вториот спортски објект, кој се гради  во дворот на ОУ “Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо треба да биде готов до почетокот на новата учебна година. Објектот заедно со опремата внатре ќе чини 550 000 евра. Парите се обезбедени од изворните приходи на општината.

    И државата почна да гради спортски сали, имавме примери направија една спортска сала Панко Брашнаров, која по една година е во фаза на распаѓање, и тоа 50 проценти од работата ја заврши Општината. Другата спортска сала во средното “Киро Бурназ“ уште не е пуштена, а две години ја градат. Тие спортски сали чинат двојно повеќе од нашите кои се по габарит двојно поголеми. Нема спорт ако немаме услови - изјави Дамјановски.

    Салата ќе ја користат ученици, граѓани кои сакаат да се занимаваат со рекреативни спортови и членови на спортските клубови. Ќе се обновува и салата во основното училиште “Вук Караџиќ“ и “Наим Фрашери“.

    Од Општината очекуваат дека на есен сите спортски клубови ќе се консолидираат и ќе постигнат поголеми успеси од досегашните.