×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

    07.07.2025 15:40 | KumanovoNews

    Од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 1,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,174 денари/ килограм, а еуродизел (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

    Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

    Еуросупер  БС – 95 ќе чини 74 денари, еуросупер БС – 98 ќе биде 76 денари, дизел горивото еуродизел БС (Д-Е V) 70 денари, екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 69,50 денари и мазутот М-1 НС 39,409 денари.

    Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73 отсто во однос на одлуката од 30.6.2025 година.