Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

26.10.2020 - 15:05

 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новите цени на бензините се: ЕУРОСУПЕР БС  95 – 58,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 60,5 денари за литар.

Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар, а новата цена на маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е 50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,184  и ќе изнесува 26,938 денари за килограм.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk