×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поевтинуваат за половина, дизелот за денар

    11.01.2016 13:47 | KumanovoNews

    Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 0,5, а дизелот за еден денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Бензините поевтинуваат за половина, дизелот за денар

    Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63 денари. 

    Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде  за 0,5 денари поевтино и ќе чини 31,5 денари за литар.

    Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари.

    Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата, врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот  во однос на доларот во изминатите 14 дена.