Бензините поскапуваат, цената на дизелот се намалува
27.04.2026 13:36
| KumanovoNews
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 84,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ, се намалува за 2,50 ден/лит и ќе изнесува 91,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, и ќе изнесува 96,00 ден/лит.
Мазутот М-1 НС, поскапува за 0,368 ден/кг, и ќе се продава по 46,656 ден/кг.
Новите цени важат од полноќ.