Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари
Од ноќеска по полноќ поскапувата горивата.
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука, со која бензините и екстра лесното масло поскапуваат за седум денари по литар, додека дизелот ќе биде поскап за 6,5 денари. Мазутот ќе се продава по повисока цена за речиси пет денари по килограм.
Сo новите цени, моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по најмногу 86,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 88,5 денари. Цената на дизелот ќе изнесува 92 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 89,5 денари. Цената на мазутот, пак, се утврдува на 47,453 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија објаснуваат дека поскапувањето е резултат на растот на цените на нафтените деривати на светските берзи, како и на зајакнувањето на американскиот долар во однос на денарот во изминатите денови.