×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бескуќник талка по течението на Пчиња

    14.07.2010 09:07 | KumanovoNews

     Искинат, валкан, необричен и зараснат во коса, Мирко од Гулиновац е бескуќник кој секојдневно талка во селата по течението на реката Пчиња во Општина Старо Нагоричане.

    Бескуќник талка по течението на Пчиња

       Го препознаваат сите жители од овој крај, бидејќи  спие каде што ќе стигне, а јаде што ќе најде. Најмногу време поминува во Меморијалниот центар „АСНОМ„ во селото Пелинце, бидејќи вработените му даваат храна.

    Неколку пати пријавувавме во Граничната полиција, која и самата секојдневно поминува тука и  гледа  дека човекот лежи покрај патот со главата или нозете на коловозот. Постои опасност некој од возачите да не го види и да го прегази. Полицијата го водеше и го сместуваше на нервното одделение во Кумановската болница,меѓутоа за два три дена го пуштаа, бидејќи човекот нема куќа, семејство, нема кај да оди, ни кој да го згрижи - раскажува  Ивица Костовски, раководител во Пелинце.

     Мирко потекнува од маалот Гулиновац во селото Алгуња, Општината Старо Нагоричае. Никој не му го знае презимето и возраста, но претпоставуваат дека има над 50 години. Некогаш бил вреден градежен работник, вработен во ГП „Пелагонија„ во Скопје. На работа паднал од скеле и тешко се повредил, па како последица на тоа настанале неговите психички проблеми.

    Оваа е потресна слика. По сонце, по дожд тој е надвор. Изложен е на сите временски непогоди. Ние му помагаме, колку можеме и му даваме храна, но неможеме да му го замениме семејството или некоја институција која постојано би се грижела за него. Овде имаме посетители и деца од екскурзии, па има моменти кога децата се плашат од него.Некогаш е свесен, некогаш не е, неможе до крај да се предвиди неговото однесување - вели Костовски.

    Тој раскажува дека интересно е што секогаш кога му даваат храна, Мирко прашува што да сработи за возврат. Собира пластика, хартија, гранки и камења.

    Многу е мирен се додека некој од посетителите не го понуди со ракија или друг алкохол, тогаш станува агресивен. Досега не нападнал никого, можеби и благодарение на нас што сме тука, па внимаваме на неговото однесување- вели Костовски.

    Тој бара некој да го згрижи човекот, бидејќи не можат да го гледаат да живее така.

    Со Мирко се обидевме да поразговараме, но тој зборува неповрзано. Се согласи да се фотографира, а потоа срдачно не поздрави и си замина во неговиот свет по течението на Пчиња.