Бесплатен автобуски превоз за Пелинце
01.08.2014 07:34
| KumanovoNews
Бесплатен автобуски превоз за прославата на Илинден во Пелинце ќе има утре во 10 часот на повеќе локации во градот.

Автобуси во 10 часот ќе тргнат од пред Дом на АРМ, “Трета МУБ“, Доброшане- кланица, пошта во населба Зелен Рид, “Октомвриска револуција“ кај Жмара, Железничка станица, населба Карпош кај хотел Сателит, село Пчиња, Спортска сала и од пред бензинска пумпа Роси Петрол во близина на Тромеѓа. Сите граѓани кои утре во наведеното време ќе бидат на споменатите локации ќе можат со автобус да отидат до Пелинце, да ја проследат прославата на која ќе се обрати премиерот Никола Груевски и да се вратат назад.