×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатен паркинг за инвалидизираните лица

    15.02.2014 12:31 | KumanovoNews

    Лицата со инвалидност во иднина нема да плаќаат за паркинг место во градот.

    Бесплатен паркинг за инвалидизираните лица

    Одлуката за субвенционирање на паркинг услугите за оваа категорија граѓани беше изгласана на последната седница на Советот на Општина Куманово.

    Лицата со посебни потреби веќе се корисници на тој бенефит, меѓутоа направивме напори тоа го ставивме и во програмата. Со ова сакаме да упатиме апел до оваа категорија граѓани дека имаат поволност, можат да ги користат нашите услуги бесплатно, а ние ќе се обидеме тие средства да ги надоместиме преку општина, Влада или преку невладините организации - вели Фадил Шабани, директор на ЈП“Куманово - паркинг“.

    Оваа услуга ќе можат да ја користат лицата со посебни потреби кои имаат соодветна медицинска документација.