×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатен влез и повеќе активности по повод Меѓународниот ден на музеите

    12.05.2025 12:13 | KumanovoNews

    Меѓународниот ден на музеите - 18 Мај ќе се одбележи со бесплатен влез на постојаната музејска поставка во Музеј Куманово и Меморијалниот центар Пелинце.

    Бесплатен влез и повеќе активности по повод Меѓународниот ден на музеите

     Истовремено ќе бидат организирани повеќе активности, изложба, работилница, проекција на филм. 

    „За секој ден од неделата имаме видео проекции на проекти изработени од НУ Музеј Куманово, дел за запознавање со она со што е наша основна дејност или дел од проекти на кустосите и соработниците од нивниот делокруг на работа. Дел од активностите ќе се одржат во Лапидариумот, дел во просториите на постојаната музејска поставка“, велат од Кумановскиот музеј.

    Оваа недела во Уметничката галерија може да се погледа и самостојната изложба на академскиот сликар Мирослав Величковски, под насловот „Амброзија и нектар“.

    Со видео материјал, денеска ќе се претстават алатки, артефакти и експонати што се користат при истражувањата на пра­историските локалитети во програмата „Археолог за еден ден“.

    Во вторник, 13 мај ќе се презентира Мапа на споменици на културата во Куманово и кумановско од авторот Мери Николиќ, кустос- историчар на уметноста. За подоцна е планирана работилница со моделирање, создавање на форми од минатото преку уметноста на вајањето.

    Во среда, 14 мај ќе се прикаже етнолошко документарниот филм „Свадбата во Кокино“ во режија на м-р Анита Стојчевска, советник етнолог во Музеј Куманово.

    Четврток, 15 мај на гостите ќе се пренесе играфицирано искуство „Си беше еднаш“, како дел од музејската интерпретација на актерот Никица Јанковски.

    Со креативна работилница на ликовниот педагог Дарко Петковски во петок, 16 мај ќе се заокружат активностите со кои ќе се одбележи Денот на музеите.

    Меѓународниот ден на музеите е прослава што во светот од 1977 година па наваму традиционално се организира на 18 мај.