×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатна обука по пливање за учениците во Куманово

    17.02.2020 11:21 | KumanovoNews

    Во рамките на проектот „Пливај и уживај“, од утре на Затворениот градски базен во Куманово, започнува бесплатна обука за пливање, наменета за учениците од основните и средни училишта во градот.

    Бесплатна обука по пливање за учениците во Куманово

    Проектот се спроведува по предлог на ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово, а под покровителство на Општина Куманово.

    Обуката ќе се одвива секој вторник и четврток, пред и по завршувањето на часовите, под раководство на професори по физичко и здравствено образование.  

    - Досега има пријавено околу 100 ученици со основно познавање за пливање, а за месец дена откако ќе се направат и останатите анализи ќе можат да се приклучат и ученици кои немаат никакво познавање од оваа област. Пријавени се ученици од шесто до девето одделение, а за месец дена ќе се приклучат и од четврто и петто одделение,- вели Југослав Спасиќ, професор по физичко и здравствено образование во ООУ „Крсте Мисирков“.

    Проект „Учиме да пливаме-здраво детство сакаме да имаме“ го промовираше пред година ипол и тогаш обуката ја поминале 110 ученици.

    Општината има обезбедено околу стотина помагала, даски за пливање, прстени, гуми итн, а учениците со себе треба да имаат костим за пливање, капа и очила за пливање.

    Обуката ќе трае до 15 јуни, а повторно ќе започне со почетокот на школската година во септември.