Бесплатни часови по латино танци во Куманово
09.02.2016 10:16
| KumanovoNews
Во клубот „Сајфер“ во Куманово вечерва во 20 часот, ќе се одржи бесплатен час по латино танци.

Часовите по латино танци ги организира волонтерката од Мозаик волонтерски центар, Осеан Ламарк од Франција.
Ги повикуваме кумановци да дојдат, да научат да играат латино танци, пред сè затоа што ова е нешто ново во градот - велат од Мозаик.
За часовите по латино танци можат да се пријават граѓани од сите возрасти.