Бесплатни гинеколошки прегледи за жени од Липково
10.06.2013 07:24
| KumanovoNews
Екипи од Министерство за здравство заедно со претставници од невладината организација “ХЕРА„, денеска ќе организираат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од липковските села.

Ќе бидат опфатени повеќе села. Жените бесплатно ќе добијат ехо преглед, ќе им направат ПАП тест, ќе им поделиме материјали за едукација, ќе ги советуваме за контрацепција, инфекции, планирање на семејство - вели Тања Станкова, проект координатор во “ХЕРА“.
Целта е преку овој проект гинеколошките прегледи да им бидат достапни и на жените од руралните средини.