Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Акцијата на Центарот за јавно здравје за бесплатно мерење на шеќер и холестерол во крвта ќе продолжи и оваа година. Новина е што е формирана и патронажна служба,која што ќе биде во функција за возрасните жители од руралните средини што не ќе можат да ги посетат пунктовите.
„Првата акција е закажана за 19 март и ќе се одржи во Старо Нагоричане, следната на 26 мај во Слупчане, 24 септември Табановце и 26 ноември Матејче - велат од Центарот.
Една од активностите за Центарот јавно здравје е и проверката на безбедноста на храната во колективните мезни.
Болничката и мензите во детската градинка и ученичките интернати покажале дека храната е безбедна и ги исполнува условите по калориската вредност. Исто така и санитарно хигиенската стандарди се задоволени.Според резултатите ученците во Куманово редовно конзумираат квалитетна храна.