×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатни прегледи за Денот на дијабетес

    07.11.2011 15:26 | KumanovoNews

    Сојузот на дијабетичари на Македонија, во рамки на кампањата за контрола на дијабетес, денеска за граѓаните на Куманово на Градскиот плоштад организираше бесплатен преглед за мерење на шеќер во крвата.

    Бесплатни прегледи за Денот на дијабетес

    Во  брендирано комби-подвижна дијабетолошка амбуланта, лекарски тим вршеше контрола и даваше совети за здравствените проблеми на граѓаните.

     Со оваа акција сакаме да ја подигнеме свеста кај граѓаните за подобро да ја запознаат болеста и полесно да се справуваат со неа. Интересот на граѓаните е многу голем, што значи дека граѓаните се свесни за последиците доколку не се јават навремено на лекар- изјави др. Аврам Ванковски, претседател на Сојузот на дијабетичери на Македонија.

    Интересот е многу голем, и досега за овие 2 часа се јавија над 200 граѓани. Дел од нив се со дијагноза, значи имаат дијабетес, а доаѓаат и оние кои сакаат да проверат колку им е нивото на шеќерот во крвта-вели др. Снежана Макревска.

    Покрај генетската предиспозиција, најголемо влијание за развој на дијабетисот има и начинот на живеење.  Лекарите препорачуваат правилна и балансирана исхрана, избегнување на брзата и мрсна храна, како и поголема физичка активност.

    Кумановското здружениена дијабетичари, е едно од најактивните во државата, бидејќи со своите активности постојано помага на членовите во справување со болеста.

    Акцијата  се организира по повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетес и 11 Ноември Денот на ослободување на Куманово.

    Во светот има заболени 250 милиони луѓе, а во Македонија 150 илјади.