Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Денот на здравството - 7 Aприл, денеска на Градскиот плоштад се организираа беплатни прегледи на граѓаните.
Лекарски екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Куманово, на отворено вршеа лабараториска претрага на холестерол и шеќер, мерење на притисок и даваа совети во однос на исхраната и кардиоваскуларните болести.
Планирано е тука да останеме 4 часа, а гледате дека постои голем интерес кај граѓаните за овие прегледи.Со подобрување на времето вакви акции ќе се организираат почесто во градот, а веќе два месеци трае акцијата во руралните средини- вели др. Јадранка Стаменковска од Заводот за здравствена заштита.