Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановскиот регион 70 отсто од обработливите површини се дигитално уцртани, а сопствениците што не го сториле тоа досега можат да ја завршат обврската бесплатно.
Имотот кој го наследиле или купиле земјоделците треба да само да дојдат и да го пријават бидејќи уцртувањето е бесплатно. До 2011 година се случуваше да поднесат барање за субвенции, а контролата потоа да утврди дека земјиштето воопшто не е обработувано со години. Сега со сателитски снимки се гледа дали нивите се обработуваат - вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.
За да земат субвенции за 2013 година земјоделците мора дигитално да ги уцртаат нивите кои ги обработуваат.