Бесплатно учeње на хрватски јазик
12.09.2013 09:45
| KumanovoNews
Заедница на Хрватите во Република Македонија организира бесплатно изучување на хрватскиот јазик во Куманово.

Сите заинтересирани на возраст од 7 до 18 години можат да се пријават независно дали се или не се членови на Заедница на Хрватите во Република Македонија.
Досега се пријавиле 9 кандидати, а останатите заинтересирани за повеќе информации можат да се обратат до огранокот на хрватската заедница во Куманово.