×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Без инвестиции нема селски туризам

    25.05.2012 09:08 | KumanovoNews

     Недопрената природа и чистиот планински воздух се привлечни за туристите, но во регионот нема ниту селско домаќинство што се занимава со туризам, ниту пак има сместувачки капацитети.

    Без инвестиции нема селски туризам

    Околината на Куманово изобилува со преубави места, манастири и археолошки локалитети, но селата не се подготвени за развој на селски туризам. Недопрената природа и чистиот планински воздух се привлечни за туристите, но во регионот нема ниту селско домаќинство што се занимава со туризам, ниту пак има сместувачки капацитети.

      Потенцијали има, но ни фалат човечки ресури, време и пред се пари. Тука сме најслаби. Се размислуваше за еден проект да се зачува архитектурата на старото јадро на Општината, со кој требаше да заживее туризмот. Реставрираните куќи требаше да се користат за селски туризам.  Проектот во тој дел не беше прифатен нема да се реализира - објаснува Саша Кузмановиќ, вработен во Општината Старо Нагоричане.

    Повеќето луѓе кои знаат како функционира селскиот туризам, велат дека само со сериозни инвестиции од државата може да заживее оваа гранка. Тие потсетуваат дека кај нас засега нема големи шанси, бидејќи повеќето села се напуштени поради масовната миграција. Тоа особено се однесува на селата од козјачкиот дел, каде има најмногу потенцијал за развој на селски туризам. Во овие места населението е главно сиромашно, а инфраструктурата лоша. Во зима тешко се стига до нив, бидејќи патиштата до планинските села се главно завеани и непроодни.  

    Oд мај до ноември додека е убаво времето, ученици од целата држава одат на екскурзии во Општината Старо Нагоричане. На нејзина територија се наоѓаат црквата Свети Ѓорѓија, манастирот Забел, Карпино, Бањата Стрновац, споменикот Зебарњак и мегалитската опсерваторија Кокино. Во близина има ресторани со пријатен амбиент, но тоа не е доволно.

     Особено значаен фактор за развој на селскиот туризам покрај прекрасните предели околу автентичните македонски села се и традиционалните фармерски обичаи на чување, производство и преработка на здрава храна.

    Жика Крстевски, раководител на Секторот за култура и спорт во општина Куманово присуствуваше на саем за туризам во Бјелина. Тој објаснува дека на тамошните села им фали сосема малку за да бидат атрактивни за туристите.

     - Тие села ги имаат Дрина и Сава. Имаат вода, имаат почва на која се се раѓа, успеваат многу култури. Постојано се развиваат. Кај нас некои села доцна добија електрична енергија. Приказната за Кокино треба да се култивира и менаџира. На таков начин ќе можеме да ги задржиме туристите да останат повеќе- вели Крстевски.

     Со слично размислување е и археологот Јовица Станковски кој вели дека треба на туристот да му се понуди некоја програма. Како што вели тој, ниту една држава не прави туризам само со споменици и историски знаменитости. Вели дека некои земји можеби се посиромашни од нас со културно наследство, но работат на пропаганда, нудат забава за странците и затоа се успешни на полето на туризмот.

     Локалните турстички агенции воглавно се јавуваат како препродавачи на аранжмани, бидејќи соработуваат со скопски агенции, но тури до кумановско не организираат.