×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Без предупредување за внимателно движење се поправа „Димитар Влахов“

    01.07.2024 12:28 | KumanovoNews

    Без сообраќаен знак за опасност и предупредување за внимателно движење на возачите и пешаците, денеска се поправаше улицата „Димитар Влахов“ покрај Стара Црква.

    Без предупредување за внимателно движење се поправа „Димитар Влахов“

    Додека машините работеа на раскрсницата, на улицата „Пионерска“ од  страната на „Октомвриска револуција“ и од “Ленинова“ немаше поставен сообраќаен знак за работа на пат, или за пренасочување на сообраќајот.

    Поради тоа на улицата се создаде сообраќаен метеж, дел од автомобилите се провлекуваа помеѓу машините, а дел се враќаа во рикверц, бидејќи не може да продолжат кон „Димитар Влахов“.

    „Како можат да работата без да постават знак, да ја затворат улицата и да го пренасочат сообраќајот. Ова е многу небезбедно и за работниците и за возачите и пешаците“, коментираат граѓаните.