×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Без проблеми течат подготовките за изборите, кумановци ќе гласаат на 167 избирачки места

    26.06.2020 10:19 | KumanovoNews

    Општинска изборна комисија Куманово, интензивно се подготовува за претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 15-ти јули.

    Без проблеми течат подготовките за изборите, кумановци ќе гласаат на 167 избирачки места

    Како што рече, претседателот на Општинската изборна комисија во Куманово, Драган Јовановски, избирачките одбори се комплетирани, а на територија на Општина Куманово ќе се гласа на 167 избирачки места.

    „Општинска изборна комисија Куманово согласно добиена известување од ДИК, во рамки на подготовките за престојните парламентарни избори, а согласно член 8-а од Уредба со законска сила за изменување и дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзаби сонизборниот прицес на Владата на РСМ бр.44- 5295/1  од 10.06.2020 год. (Сл. Весник на РСМ бр.154 од 10.06.2020 ) од 16.06.2020 г. ги превзема и извршува сите неопходни и технички и административни активности заради подготовка на преостанати изборни дејствија“, потенцираше претседателот Јовановски.

    Тој додаде и дека, согласно подготовките за изборните дејствија, во тек е и комуникација со членовите на Избирачките одбори заради информирање за престојните обуки кои ке се одржат во наредниот период.

    (Ф.Марковска)