Без струја дел од Куманово
11.03.2026 08:17
| KumanovoNews
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите на две улици, и во една населба и село.
Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК), планирани прекини од 08.30 до 14.30 часот ќе има во населбата Бедиње, на ул.11 Ноември и на ул.Трајко Додевски-Јовановски.
Од 10.00 - 11.00 часот без електрична енергија ќе остане селото Сопот.